За само еден ден - Народната банка и владата успеаја да извлечат 102 милиони евра од приватниот сектор, банките, јавните претпријатија. Во исти ден - аукции и во НБРМ и во Министерството за финансии. Народната банка собра колку што планираше, но владата извиси - собра 11 милиони евра помалку. Преку 6 месечни записи - владата бараше 45,5 милиони евра - собра 34,5. Се преполови побарувачката за владините девизни записи. Интересот за денарските се зголеми. За познавачите оваа ситуација е очекувана кога во ист дена на пазарот монетарната и фискалната власт си конкурираат - се нудат записи во вредност од над 100 милиони евра, со различна камата и различен рок на отплата. Во исто време - Народната банка денеска на приватниот сектор му исплати близу 83 милиони евра, додека владата по основ на доспеан запис во економијата треба да врати 32,2 милиони евра.
За само еден ден - Народната банка и владата успеаја да извлечат 102 милиони евра од приватниот сектор, банките, јавните претпријатија.
Во исти ден - аукции и во НБРМ и во Министерството за финансии.
Народната банка собра колку што планираше, но владата извиси - собра 11 милиони евра помалку. Преку 6 месечни записи - владата бараше 45,5 милиони евра - собра 34,5.
Се преполови побарувачката за владините девизни записи. Интересот за денарските се зголеми. За познавачите оваа ситуација е очекувана кога во ист дена на пазарот монетарната и фискалната власт си конкурираат - се нудат записи во вредност од над 100 милиони евра, со различна камата и различен рок на отплата.
Во исто време - Народната банка денеска на приватниот сектор му исплати близу 83 милиони евра, додека владата по основ на доспеан запис во економијата треба да врати 32,2 милиони евра.
Сепак, за владата денешната аукција значеше 11 милиони евра помалку собрани пари. Државните записи на владата и Народната банка се претворија во поразителен модел за севкупната економија - наместо за инвестиции и развој, стотици милиони евра завршуваат во државни трезори за високи камати.